| четврток, 6 декември 2018 |

Гаревски: Италија ја тресат земјотресни роеви, потресите нема да се префрлат во Македонија

413327-garevski-ako-e-ova-glavniot-udar-mozhebi-kje-ima-aftershokovi

Оваа серија земјотреси што и се случува на Италија, во науката се вика земјотресни роеви, и сметам дека овој земјотрес ќе биде и последен во овој рок. Нема да има повеќе земјотреси и секако тие нема да се префрлат на македонска територија, тоа е невозможно, вели Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство.

Тој додава дека за Италијанците е вистинска среќа што земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер и на речиси 6 километри во длабочина на земјата, удрил во планинските села каде што нема многу население и дека би имало илјадници жртви ако погодел некој поголем град.

– Земјотрес со јачина од 6,6 степени секако дека предизвикува голема материјална штета. За силата на земјотресот првично јавија дека е 7,1 степени, но подоцна беше поправено на 6,6, што е најсилен од земјотресот на 24 август во кој загинаа речиси 300 лица и кој срамни со земја неколку мали града. Иако се уште нема информации за жртви, штетата од земјотресот секако е голема. Тоа се мали места со стари градби кои претежно служат за туризам, а населението во поголемиот дел е иселено и е во околните градови. Во близина на селцето Норци, каде што бил епицентарот на земјотресот, бев пред дваесетина дена, на покана на Италијанците, а ова селце го одбраа оти било посигурно место по земјотресот во август. Пред дваесетина дена дури се фалеа како се добро зајакнати и старите градби, вели за Дневник директорот на ИЗИС Михаил Гаревски, кој најавува дека повторно ќе оди во Италија на увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top