Американската блогерка Двен, попозната како Џастис, сподели искуство со Србин. Ѝ прошол летово во Франкфурт и наместо да ја заведе, ѝ пристапил многу директно, што ја шокирало оваа девојка.
На својот блог justicelivingoutloud.com Двен го споделила искуството под насловот „Како е кога си со црнкиња? Моето прво искуство: Србин“.
Ми се јави еден Никола, Србин кој живее во Франкфурт. Ме праша да се видиме и се согласив. Се најдовме во центарот во еден популарен синџир кафулиња. Зборевме за колата што сакам да ја купам, па ме советуваше и сл. Нарачав помфрит од сладок компир и вода, зашто бев гладна, а тој нарача сок од ѓумбир. Разговаравме околу еден час, а потоа ме испрати до метро-станицата.
Дотука приказната делува стандардно, дури и досадно. Сѐ додека Србинот не решил да биде искрен до коска и да ѝ ги открие вистинските намери на девојката.
– Ме праша што мислам за него, додавајќи декја особено го интересира што мислам за неговото заведување. Збунета, го прашав што мисли под тоа „заведување“, а тој се збуни, па ми призна дека всушност мисли на секс. Ми призна дека го привлекувам и дека на Европејците им е интересно да бидат со Африканки или со Афроамериканки, зашто европските жени физички се поинакви од нас. Црнкињите имаат големи задници и гради и затоа него и други мажи како него ги интересира какво е чувството да си со таква жена, раскажува Двен, која се нашла затечена од ваквото мување.
За среќа Никола налетал на жена полна со разбирање, зашто на овој муабет друга би му залепила шлаканица. Двен му објаснила дека мажите во Америка имаат друг пристап – излегуваат со девојките онолку број пати колку што е потребно да ги легнати дека никој дотогаш не ѝ кажал дека сака да има секс со неа поради нејзината боја на кожата.
– Му кажав дека не сум навредена, зашто ја разбирам неговата љубопитност, но и дека не сум спремна да бидам негов научен експеримент ниту дека ќе имам секс со него од сожалување. Да бев пет години помлада, можеби и ќе прифатев.
На крајот се согласиле дека веројатно никогаш нема повеќе да се видат, но на крајот Американката заклучува дека Никола и не бил толку непристоен со оглед какви ги има.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.