| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ ја грабна победата на Ноне – победничката на „Идол“ денес далеку од сцената (ФОТО)

Како фаворит кој бргу ја освои публиката, во 2005 година на регионалното музичко натпреварување „Идол“ велешанката Ноне Неделковска стигна и до самото финале. Но, победата, сепак, му припадна на црногорската претставничка Мина Лаличиќ.

Иако и беше ветено и песна и цел албум, победничката се врати во родната Црна Гора со празни раце. Телевизијата „БК“, која требаше тоа да го обезбеди, никогаш не го стори.

Додека Ноне неколку години ја освојуваше македонската сцена, регионот веќе никогаш повеќе не слушна за Мина Лаличиќ.

Црногорката заврши Правен факултет во Подгорица и денес работи како дипломиран правник во странска компанија во Свети Стефан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top