Милан оствари тешка победа на домашен терен против аутсајдерот Пескара благодарение на голот кој го постигна Џакомо Бонавентура, но покрај минималната победа од 1:0 и трите освоени бода, тема на разговор за време на прес-конференцијата по мечот беше и тензичниот момент кој го изрежира Карлос Бака.
Напаѓачот на „росонерите“ не ја прифати баш најдобро одлуката на Монтела да го повлече од игра во 85-та минута, а откако јасно ја одмавна раката на својот надреден, следеше реакција од Винченцо кој беше видно незадоволен од потегот на Колумбиецот.
Треба да се напомене дека Бака имаше ваква слична реакција и додека тренер на Милан беше Михајловиќ, а Монтела на прес-конференцијата порачал дека ќе мора да има средба со него за да ги расчистат нејаснотиите.
– Реакцијата на Бака? Искрено, сум видел многу полошо нешто од тоа. Ќе видиме што ќе има да каже, ќе мора да се сретнам со него и да разговараме. Од моја страна нема никаков проблем, тој си ја заврши својата работа, иако можеше да направи подобри работи на моменти. Како и да е, имаше свој удел во победата – истакнал тренерот на Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Книжевен разговор со писателката Тања Ступар-Трифуновиќ
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
„Читајќи го Балканот“: Разговор со хрватскиот писател Драго Гламузина
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите