Помладиот принц од британското кралско семејство конечно ја пронајде љубовта и тоа во американска актерка, пишуваат светските медиуми. Триесет и двегодишниот Хари наводно е во врска со Меган Маркл (35), ѕвездата на серијата „Костуми“ (Suits).
Двојката се запознала во Канада, додека принцот бил во посета на Торонто, а актерката на сетот на популарната серија. Подоцна неколку пати биле видени заедно во Лондон. Извор, близок на принцот, откри дека нивната врска е сè уште во многу рана фаза, но дека Хари е воодушевен од актерката.
– Не бил толку среќен со години. Не се оптоваруваат со иднината, уживаат во меѓусебното друштво, сакаат да се дружат, а хемијата меѓунив е очигледна. Хари очајно сака да ја задржи врската во тајност, за да не ја преплаши Меган. Знае дека се ќе се промени кога јавноста ќе дознае, но тоа тешко ќе остане тајна. Се разбира, се уште е рано да се зборува колку е сериозно, но никогаш не се знае. Моментално одат чекот по чекор за да видат како ќе се развиваат работите – рекол изворот за британскиот магазин „Сандеј експрес“.
Летово Меган на својот профил на „Инстаграм“ постојано објавуваше фотографии од патувањето во Лондон, а неодамна ги покажаа и белегзиите, исти како оние што Хари постојано ги носи на себе, со што дополнително ги разгори пишувањата за нивната врска.
Принцот наводно веќе ја запознал новата девојка со неговиот брат Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, кои се воодушевени од изборот на неговата нова партнерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.