| четврток, 6 декември 2018 |

Светот ја слави ноќта на вештерките, а ние Свети Лука – денеска ова не се прави

luka

Во западните земји веќе со недели се подготвуваат за прослава на Ноќта на вештерките. Тиквите се веќе подготвени, маските направени, а колачињата подготвени.

Меѓутоа и нашата правослвна црква денеска слави. Имено денеска е Свети Лука, празник кој не е толку комеријализиран, но е слава и именден на многумина.

Се верува дека Свети Лука лично ја познавал Богородица и дека трите икони кои овој светец ги насликал се најблиску до нејзиниот вистински лик. Поради ова се смета за основач на иконописот.

Свети Лука е заштитник на лекарската професија и болниците.

Овој празник најавува дека зимата чука на врата и дека треба да се подготвиме за неа.

Свети Лука го задолжил православието поради што денеска не треба да се работат тешки работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top