Кој сака да руча со Леонардо ди Каприо? Веројатно сите од нас, а сега ја имаме таа шанса!
За таа цел, се што треба да направите е да донирате 5 фунти на веб страната Itison.
Преку оваа донација ќе придонесете за да ги нахраните бездомниците во Единбург во ресторанот „Дома“, кој што ќе им помогне на повеќето да си најдат работа со цел да се вратат на здрави нозе.
Мора да признаеме дека целта е навистина великодушна.
Оној кој има доволно среќа да ја добие наградата, ќе го повикаат на ВИП ручек заедно со Сер Том Хантер, претседател на Шкотските бизнис награди и прекрасниот Лео. Исто така, добитникот ќе добие и ноќевање за двајца со вечера во хотелот „Џорџ“, патни трошоци во прва класа, шампањско од 1000 фунти и шопинг во Рокс.
Побрзајте, имате уште само 17 часа за аплицирање!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст