Нецели две недели пред американските претседателски избори, Доналд Трамп организираше раскошна церемонија за отварање на својот уште пораскошен хотел Трамп Интернешнл Хотел.
Овој хотел е дел од хотелскиот синџир на Трамп, а сместен е во Вашингтон во склоп на зграда изградена 1899 година во чие реновирање вложил 200 милиони долари.
Бизнис инсајдер објави преглед на внатрешноста на раскошното здание.
Во случај Трамп да победи на изборите, често ќе престојува во овој хотел, бидејќи од Белата куќа го делат само 15 минути одење.
Ноќевањето во најефтината соба чини околу 400 евра, додека за претседателскиот апартман треба да се издвои дури 11.000 евра.
Велнес и фитнес центарот го осмислила Иванка Трамп, а гостите устата ќе можат да си ја исплакнат со Трамп, односно со водата за уста со името на Трамп.
Конференциските сали добиле име по поранешните претседатели на САД.
Ресторанот исто така има интересна понуда.
Во коктелот под име Бенџамин се наоѓа компир, сирови школки, вотка и кавијар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.