| четврток, 6 декември 2018 |

Милан го бетонира својот бисер, нов долгорочен договор за Донарума

Бисерот на Милан, Џанлуиџи Донарума брани во одлична форма и веќе сите во него гледаат нов Буфон на италијанскиот фудбал.

Адријано Галијани им порача на заинтересираните клубови дека голманот Донарума не е на продажба и наскоро ќе се обврзе на нова долга верност со неговиот матичен клуб. Реал Мадрид и Јувентус го сакаат младиот чувар на мрежата кој сезонава брани во одлична форма.

Донарума дебитираше минатата сезона и веќе го забележа и првиот настап во националниот тим, каде Вентура го направи најмлад голман во историјата на „азурите“:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top