| четврток, 6 декември 2018 |

Брусницата, сепак, не е лек за уринарни инфекции

Со децении постоеја контрадикторни докази дали брусницата, во кој било облик може да спречи бактериски инфекции, посебно кај жените.

Многу студии укажуваа на тоа дека уверувањето за користа од брусниците е засновано на таканаречена „слаба наука“, но тоа не беше пречка да се рекламира ова овошје како лек за уринарни инфекции.

Новата студија објавена во едно стручно списание користела многу строги методи и дошла до убедливи резултати, се наведува во уводникот на студијата.

– Здравствените работници кои ја поттикнуваат употребата на производите од брусница како метод за превенција од уринарни инфекции на пациентите им прават лоша услуга – пишува во уводникот.

Студијата е спроведена на 147 женоиво дом за страри лица на кои им биле давани наизменично по две капсули од брусница или празни апчиња во текот на целата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top