Антологија на современи македонски поетеси „Ова е моето последно молчење“ со поднаслов „Панорама на актуелни современи македонски поетеси“ ќе биде промовирана вечер во „Јавна соба“, во рамки на Фестивалот на европската книжевност „Букстар“.
Во книгата се претставени современите македонски поетеси кои активно творат од почетокот на новиот век. Станува збор за панорамски преглед со избор од неколку песни што најдобро ќе го претстават личниот севкупен поетски печат на авторките, од поетеси од различни генерации, активни на сцената со по неколку објавени авторски книги поезија на македонски јазик.
Приредувачки на книгата се Елена Пренџова и Оливера Доцевска, а ќе ја промовира Весна Мојсова-Чепишевска.
Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст