| четврток, 6 декември 2018 |

Девојката која синоќа беше прегазена на Булеварот „Климент Охридски“ е во животна опасност

Синоќа во Скопје на крстoсница од бул.„Климент Охридски“ и ул.„Орце Николов“ се случила сообраќајна незгода во која возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.С. (32) од Скопје, удрило во пешакот А.Ќ. (23) од Прилеп.

А.Ќ. била пренесена во Ургентен центар Скопје каде и биле констатирани тешки телесни повреди и над неа бил извршен хируршки зафат. Истата се наоѓа во животна опасност, пишува „Нова Македонија“.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top