Илија Димовски со документи и факти ги побива тврдењата на Слободан Богоевски кој е лице осудено за криминал тежок стотици илјади евра.
Во своето вчерашно гостување на Топ Тема, Богоевски рече дека Димовски само замислува дека бил следен. Димовски одговори со докумени и со аргументи:
– Ако баба лаже, трап не лаже! Еве дел од документација на ДБК – Велес од 05.06.1997 година (кога сум имал 16 години) од кои јасно се гледа дека моето тврдење дека сум следен е точно. Во еден дел во документот каде што стои и моето име пишува: “Оваа група беше предводена од најекстремните припадници на ова партија, ОПФАТЕНИ И СО МЕРКИ И АКТИВНОСТИ НА ДБК по оваа линија на работа, меѓу кои беа…. Димовски Илија и други лица”, напиша тој на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?