На новиот Универзитет „Мајка Тереза“ денеска ќе биде одржан првиот академски час.
Во состав на Универзитетот има пет факултети – Факултет за социјални науки, за информатички науки, за технолошки науки, за технички науки и факултет за градежништво и архитектура.
Како што соопшти неодамна министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, според конкурост за запишување на студенти беа предвидени 1220 места во прва година за сите пет факултети.
Новиот универзитет за настава ќе ги користи простории на Штуловиот универзитет во Скопје. Во 2017 година се очекува да почне изградба на негов сопствен објект на местото на касарната „Илинден“.
Првиот академски час денеска од 10.30 часот ќе се одржи во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, каде што ќе присуствува и министерот Лутфиу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.