Медиумите јавуваат дека по земјотресот кој средата вечерта ја погоди централна Италија со магнитуда до 5,4 степени по Рихтер, следел нов во 21,18 часот по локално време со магнитуда 6,2, а се јавува за нови урнувања во областите коишто беа погодени од земјотресот на крајот од август, а во Рим било евакуирано министерството за внатрешни работи а премиерот Матео Ренци ја следи ситуацијата.
Епицентарот на земјотресот со првично проценета магнитуда од 6,2 степени бил лоциран во долината на реката на Нера на длабочина од два километра, во областа меѓу Перуџа и Мацерата, а најблиско било местото Кастелсантанџело сул Нера, бил почувствуван во Рим, оддалечен на 132 километри североисточно, и на 37 километри западно од градот Асколи, како и во областите Лацио, Марка и Абруцо, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија.
Некои спасувачки екипи се испратени во правец на дел од општините во епицентралното подрачје кои се изолирани. Некои градоначалници на неколку италијански градови, во близина на епицентарот на земјотресот јавиле за некои уништувања, но нема потврда за таквите информации.
Така, Серџо Пицоли, градоначалник на местото Аматриче, кое беше речиси целосно уништено во силниот земјотрес на 24-ти август, за Ansa изјавил дека по последниот земјотрес се случиле нови уривање на веќе делумно разурнатите објекти. За најверојатни уривања јавил и градоначалникот на Кастелсантанџело, Анџечло Мауро.
„Немаме информации за повредени или жртви“, изјавил за агенцијата Ansa, шефот на регионалната цивилна заштита на регионот Марка, Чезаре Спури. Според него најкритична е ситуација е во Кастелсантангело сул Нера каде што нема електрична енергија, а се отворени и општинските оперативни и регионалните центри.
Италијанскиот премиер Матео Ренци веднаш по силниот земјотрес зборувал со челникот на службата за Цивилна заштита, Фабрицио Курчи.
Покрај со него, Ренци кој се враќа во Рим од посетата на Кампанија, разговарал и со првиот човек на областа Марка, Лука Черишоли, министерот за внатрешни работи Анџелино алфано и со заемникот министер на кабинетот на Советот на министри, Клаудио Де Винченти.
Поради земјотресот, италијанскиот државен железнички оператор „Ferrovie dello Stato“ (FS) соопшти дека донела одлука за запирање на возовите коишто одат кон зоната на земјотресот.
Ноќта кон 25-ти август земјотрес со магнитуда од 6 според Рихтер ја погоди централна Италија, кој беше проследен со серија афтершокови што резултираше со значителни уривања на малите стари градови во планинската област. Во стихијата загинаа речиси 300 луѓе, а повеќе од 400 беа повредени, додека над две илјади луѓе останаа без покрив над главата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст