| четврток, 6 декември 2018 |

Јавете се на овие телефони: Нема информации за настрадани македонски државјани во Италија

До овој момент нема информации за повредени или загинати македонски државјани во земјотресот во Италија, соопшти Министерството за надворешни работи, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите и повредените во катастрофата што вечерва  ја погоди централна Италија. Македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија, велат од МНР.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги известува сите заинтересирани дека за прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, можат да се обратат на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим, Италијанска Република, како и во Министерството за надворешни работи.
Лица за контакт:
Министерство за надворешни работи: Силвана Ивановска
Мобилен телефон: +38972 239 052
Е-пошта: silvana.ivanovska@mfa.gov.mkАмбасада на Rепублика Македонија во Рим:
Емилија Николовска
Мобилен телефон: 00393889050310
Семра Рамадани Алими
Мобилен телефон: 00393485273136
Адреса: Via Bruxelles 73/75, 00198 Rome
Е-пошта: rome@mfa.gov.mk, се вели во соопштението кое беше испратено до медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top