| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумите од регионот: Светска банка ја фали Македонија, ова е големо достигнување!

Република Македонија го зазема 10-тото место во извештајот на Светската банка, Дуинг бизнис за 2017-та година и е за две места подобро рангирана од минатата година, пишуваат медиумите од регионот.

-Македонија е најдобро рангирана во категоријата за започнување на бизнис, каде се наоѓа на 4-то место. Во категоријата за плаќање на даноци е на 9-то место, за вадење на градежни дозволи е на 11-то, а во категоријата за заштита на инвеститори на 13-то место во извештајот, анализираат медиумите од регионот.

За овој голем успех на Македонија, медиумите од нашите соседни земји објавуваат само пофалби за нашата земја.

sb-mediumi

Експертите од Србија, пак, коментираат со голема гордост што нивната земја оваа година е меѓу 50-те најдобри, односно го зазема 47-мото место. За ова пишуваат како за голем успех кој го постигнала државата, но секако го споредуваат со успехот на Македонија и не штедат колку нашата земја постигна големо достигнување.

За важноста од овој извештај, согласни се експертите.

Директорот на Светската банка за Србија, Тони Верхејен вели дека Србија доживеала огромен успех . Тој јавно и честиташе на оваа земја за успехот, порачувајќи и дека со макотрпна работа може да стигнат и до првите 20.

Желбата на премиерот Александар Вучиќ, пак, е земјата да влезе меѓу првите 30.

ana-trboik

Професорката Ана Трбовиќ вели дека ваквите листи и успеси се значајни за земјата, за инвеститорите, за работниците…

-Овој извештај носи признание за реформите во министерствата задолжени за оваа област, вели таа.

Единствени кои со негативен тон говорат и известуваат за ова големо признание за Македонија, се медиумите блиски до СДСМ и финансирани од СОРОС. Тие со доза на омаловажување известуваат за оваа значајна листа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top