Колку пати во една недела двојките треба да имаат секс за да бидат среќни? Научниците тврдат дека го откриле магичниот број.
Според нив, сосема е доволно еднаш неделно да се води љубов со партнерот за да се одржи среќата во една врска.
Партнерите може да имаат односи и повеќе од еднаш неделно, но тоа нема да има влијание на среќата во врската, се тврди во последното истражување кое било спроведено над 30 илјади лица кои се во брак или во подолга врска.
Меѓу другото, тимот на докторката Мјуз која го водела истражувањето покажува дека сексот е поважен за среќата во вреската отколку парите кои некој ги поседува.
Истражувањето е објавено во журналот „Social Psychological and Personality Science”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.