| четврток, 6 декември 2018 |

Како да напишете мотивационо писмо кое секој работодавец ќе сака да го прочита?

Во мотивационото писмо наведете ги своите вредности кои се поклопуваат со вредностите на компанијата каде конкурирате.

Секогаш имајте на ум дека не сте единствени кои конкурираат за таа работа, и размислете што ќе ве издвои од другите.

Мотивационото писмо ви е шанса да се истакнете и издвоите од другите кандидати кои имаат иста биографија како и вие.

Можете да видите образец од гугл за тоа како да напишете мотивационо писмо.

Немојте да повторувате информации и податоци кои веќе ги има во вашата кратка биографија.

Истакнете ја својата креативност, но немојте да пишувате лични особини како тимски играч, вреден, лојален, затоа што тоа не кажува ништо посебно за вас.

Можете да контактирате некој кој веќе работи таму, затоа што мало запознавање со компанијата многу ќе ви значи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top