Михајло Јовиќ (25) и Иван Станисављевиќ (25) од Петровац на Млава загинаа во тешка сообраќајна несрека која се случи предминатата ноќ околу 2 часот во местото Каменово, додека се враќале од журка. Двајца нивни другари во сообраќајката се здобиле со телени повреди.
Трагедијата се случила кога автомобилот марка „пежо“ со кое управувал Јовиќ, слетало од патот, скршило ограда од двор и удрило во дрво. Од силината на ударот кајсијата е откорната од корен, а од смачканиот автомобил настраданите и повредените ги извлекле пожарникари од Пожаревац. На повредените прва на помош им пристапила Бранка Миловановиќ од Каменово со своето семејство.
-Се слушна страшен тресок. Помислив дека се случила некоја сообраќајна несреќа но не излегов надвор. По некое време некој ми затропа на врата. Отпрвин се исплашивме да отвориме, а потоа отворивме и пред над стоеше русокосо момче. Главата му беше удрена, и од неа течеше крв. Му дадовме пешкир да го сопре крварењето и повикавме полиција. Не ни беше јасно како излегол од автомобилот кога видовме во каква состојба беше возилото. Колата беше целосно смачкана и нашите пожарникари од Петровец не можеа да ги извлечат момчињта, зошто немаа алат за сечење на возилото, па ги повикаа колегите од Пожаревац. Возачот и тој зад него загинале на место. Беше тоа страотна слика, раскажува Бранка наведувајќи дека во извлекувањето помагале нејзиниот син, снаата и ќерката.
Во куќата на Станиша Станисављевиќ, дедо на настраданиот Иван, завладеа молк. Додека мајката не може да зборува од тага, дедото објаснува дека неговиот внук бил фудбалски судија и дека немал постојано вработување откако завршил гимназија.
-Беше вонбрачно дете. Сите го сакавме. Беше мирно, фино и добро момче. Го сакаше спортот и играше фудбал. Кога утрото ни јави полицијата дека настрадал, не можев да верувам. Ова е голема трагедија за сите нас, вели дедото.
И во семејството на Михајло Јовиќ владее неизмерна тага. Мајката Весна занеме од болка, и само повремено лелека. Доаѓаат роднини, соседи, другари. Во ужасната тишина никој не сака да зборува. Сепак велат Милош бил голем другар, сакал да се шегува и весели. Неговиот вујко вели дека сакал фудбал, играл и бил фудбалски судија.
-Беше голем фудбалер, а последниот натпревар го одигра за Мелница. Беше добро момче и сите го сакаа и почитуваа, вели вујкото Саша.
Двете момчиња кои загинаа се без татко. На Михајло таткото му починал пред десетина година, а Иван бил вонбрачно дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст