Кога Вељко и Ксенија ја обелоденија врската, Цеца имаше само пофални зборови. Но, по нивната разделба таа искрено се изјасни што мисли.
-Јас лично мислам дека момците до 25,26,27 години треба да созреваат. Кога велам да созреваат, значи дека не смеат да имаат сериозни врски бидејќи не се способни за нешто такво. Сериозната врска бара компромис, бара жртва. Тоа човек на 20 години го нема развиено, таа сфера на мозокот, делот на мозокот за жртва и последица, вели Цеца во едно телевизиско гостување.
Да потсетиме, Вељко и Ксенија беа во врска два месеци, на почетокот се криеја, но набрзо нивната врска стана главна тема во регионалните медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.