Перо Антиќ е двоен актуелен шампион на Европа со Олимпијакос, а вчера играчите беа пречекани од своите навивачи во Атина. Грчкиот тим втора година по ред ја освојува титулата иако беше аутсајдер и лани против ЦСКА Москва и сега во финалниот меч со Реал Мадрид. Антиќ беше еден од најдобрите кошаркари на Олимпијакос на фајналфор турнирот во Лондон, со вкупен ефект од 23 поени, во полуфиналето против ЦСКА и во завршниот меч со Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






