| четврток, 6 декември 2018 |

Пелените „Памперс“ содржат траги од канцерогени материи

Пелените „Памперс“ содржат траги од канцерогени материи, покажа француска студија. Пелените „Памперс“, светски лидери во Франција и во светот за пелените за една употреба, содржат токсични  хемикалии кои се поврзуваат со одредени видови рак, покажала студијата објавена во вторникот од Француската здравствена асоцијација Асеф.

Карценогените матрии се поврзани со предизвикување рак на кожата, белите дробови, мочниот меур, црниот дроб и со стомачните ракови.
Овие, потенцијално штетни компонентиво пелените, иронично се пронајдени во хемикалиите кои треба да обезбедат заштита на осетливата кожа на бебињата и да ја превенираат од иритација, поточно во петролатумот, која вообичаено се наоѓа во заштитните продукти со навлажувачко дејство.
Сепак, во зависност од тоа каде и како е рафиниран, петролатумот може да биде контаминиран со токсични материи наречени полицикллични ароматични хидрокарбонати (PAHs).
Овие канцерогени состојки се најдени во пелените, што значи во конатк со децата се 23 и пол часови во текот на денот, бели Лудвин Ферер, шеф на Асеф, за весникот Le Parisien.
Истражувачите потенцираат дека екстремно ниски нивоа на хидрокарбонати се најдени во пелените, под 0,2 мг/кг, што легално е дозволено на ниво на Европска унија, но авторите велат дека тоа  не е важно.
„Иако е легано да има траги од овие материи, сепак тоа е многу од морална перспектива“, вели Ферер.
Тој се сомнева дека на долг рок може да има ризик за децата кои ги носат овие пелени, додавајќи дека производителите одамна требало да ги преиспитаат методите за производство.
Студијата е направена во соработка со Француската еколошка компанија за бебешки производи „Love and Green“.
Proctor and Gamble, сопственикот на брендот „Памперс“, се уште не одговорил на овие обвинувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top