Поранешниот простор каде што беа сместени хируршките амбуланти во кумановската Општа болница, целосно е реконструиран и опремен со средства во висина од 100.000 евра обезбедни од Банката за развој при Советот на Европа, Меѓународната организација за миграции и со поддршка на Министерството за здравство.
Министерот за здравство Никола Тодоров, при денешната посета, рече дека новиот простор е адаптиран во гинеколошко-акушерска амбуланта, реконструиран и ќе го користат мигрантите сместени во тразнитниот центар Табановце, но и пациентите од Куманово и североисточниот регион.
– Здравствените власти во целост одговорија на предизивиците од мигрантската криза и со целиот свој капацитет се вклучија во справувањето со оваа криза, со цел да се обезеди хуман третман на сите оние кои што, ете, судбината ги натерела да пројдат низ едно вакво сериозно патешествие и се нашле во Македонија со здравствени проблеми. Наша обврска како држава е да помогнеме и да пружиме хуман третман на тие луѓе кои имаат потреба од ваква здравствена услуга, изјави Тодоров.
Кумановската болница, како што рече, досега пружила 470 здравствени услуги на мигрантите од различен карактер, меѓу нив и четири породувања, додека шест пациентки биле препратени за Скопје.
– Истиот овој простор или еден дел од просторот ќе биде искористен и за останати пацинети особено во делот на гинекологијата каде што за прв пат после подолг временски период ќе се воведе и колкоскопијата, здравствена процедура за која што пациентките од Куманово се препраќаа во Скопје, рече министерот.
Нагласи дека со овозможување на оваа услуга сите пацинтки од Куманово и регионот на Крива Паланка, Кратово и останатите рурални области, кои што имаат потреба од ваква здравствена или дијагностичка процедура ќе можат да ја добијат во општата болница Куманово, со што сериозно ќе се растерети Клиничкиот центар во Скопје и трансферт на пациенти во Скопје сериозно ќе се намали.
Шефицата на канцеларијата на ИОМ Соња Божиновска-Петрушевска, рече дека проектот има за цел да се обезбеди ефикасен пристап на мигрантите до медицинска заштита, меѓутоа и во исто време придонесува во развој на локалните медицински капацитети во Гевгелија и Куманово, кои беа погодени од мигрантската криза.
– Конкретната асистенција е околу половина милион евра и се однесува на реновирање на болнциите во Гевгелија и Куманово, како и донација на медицински апарати, медицински мебел, како и амбулантно возило, рече Божиновска -Петрушевска.
Арно де Вердиер од Банката за развој при Советот на Европа нагласи дека реновиарниот објект значително ќе ги подобри условите за третман како на мигрантите така и на локалната заедница на жителите на Куманово и регионот.
– Главната идеја е всушност инвестицијата да биде оддржива, што значи да продоложи и во иднина. Целокпуната соработка што Советот на Банката на Европа ја има со Министерствто за здравство е со цел модернизација и унапредување на здравствениот систем во земјава, изјави Арно Де Вердиер.
Директорот на кумановската болница, Ариф Латифи се заблагодари за реконструкцијата на одделението на сите чинители и нагласи дека инвестицијата е мошне значајна за кумановци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.