Еден од најдобрите италијански фудбалски судии Џанлука Роки е мета на кражба во неговиот дом во Фиренца. Роки остана без 100.000 евра накит по кражбата во неговата вила на падините над Фиренца.
Крадците насилно влегле во куќата на таткото на судијата, но таму не нашле ништо и веднаш се упатиле со соседната куќа, која му припаѓа на интернационалниот судија.
Роки веднаш ја пријавил кражбата и полицијата во Фиренца трага по сторителите. Роки е еден од деветте италијански судии со знакот на ФИФА и заедно со Никола Рицоли, важи за најценет судија од Серија А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)