| четврток, 6 декември 2018 |

Тајгер Вудс сега ја мува Марија Шарапова (ФОТО)

Американскиот голфер Тајгер Вудс, по се изгледа дека го преболе раскинувањето на љубовната врска со најдобрата светска скијачка и негова сонародничка Линдзи Вон. Тој беше уловен како се гушка со Русинакта Марија Шарапова на прославата на својата фондација во Њујорк

sarapova-tajger-vuds

Русинката дојде како специјален гостин, бидејќи заради сусспензија за користење на допинг не може да игра на тениските турнири. Тајгер Вудс (40) во претходните неколку години беше главен лик во жолтито печат, откако на виделина излегоа неговите валкани алишта, односно секс – скандалите со познати американски актерки за возрасни, па сега се обидува во јавноста да гради поинаква слика во јавноста.

Затоа не е ни чудо што ја повикал Марија Шарапова (29), на прославата на 20–годишнината на својата фондација која ги стипендира најдобрите ученици во Америка.

Изминатите две години тој беше во љубов со Линдзи Вон, а медиумите шпекулираат дека сега е во емотивна врска со руската убавица.

sarapova-tajger-vuds-2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top