| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа со најдобар пласман на ВТА листата

lina-gjorceska

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа е на 200. место на најновата ВТА ранг листата, што е најзин најдобар пласман во кариерата.

Ѓорческа во однос на последното рангирање освои нови 34 поени со пласманот во четвртфиналето на фјучрс турнирите во Египет (24 поени) и во Италија (9), па сега со вкупно 274 поени е рангирана на 200.место на листата.

Ѓорческа бележи и напредок од две места на листата во двојки каде со 504 поени сега се проби на 139-тата позиција. Во двојки освои 43 поени (25 – Египет (четвртфинале) и 18 – Италија (полуфинале).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top