| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска се слави светецот кој го проповедал Евангелието и ги лечел болните

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври.

Денеска е Св. апостол Филип.

Свети апостол Филип потекнуваше од Кесарија Палестинска. Беше женет и имаше четири ќерки. Кога светите апостоли ги бираа ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижат за бедните и болните и да ги организираат вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив беше избран и Филип.

А кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, тој се повлече во Самарија и таму го проповедаше Евангелието, и не само што го проповедаше, туку и го сведочеше со многу чуда, изгонување на демони и исцелување на болни.

Го заврши овој живот мирно и во длабока старост и се пресели во радоста на својот Господ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top