| четврток, 6 декември 2018 |

Мојот татко ми вбризга крв заразена со ХИВ – Имам СИДА, а сега знам и зошто

brajan-dzekson-hiv-aids-sida

Кога таткото на Брајан Џексон му вбризгал на својот син шприц полн со крв заразена со СИДА, се надевал дека никогаш нема да доживее неговото дете да порасне. Судбината сакала 24 години подоцна да го слуша сведоштвото на неговиот син во судот поради кое му е одбиено барање за помилување.

Сè започнало пред 26 години, кога родителите на Брајан се запознале во воениот центар за обука во Мисури, каде што и двајцата биле обучувани за болничари. Набрзо почнале да живеат заедно, а пет месеци подоцна, во средината на 1991 година, мајката на Брајан забременила.

– Мојот татко бил пресреќен кога сум се родил, но сè се променило кога се вратил од војната во Ирак. Почнал сосема поинаку да се однесува кон мене, раскажал Брајан.

Стјуарт негирал дека е татко на Брајан, а потоа станал насилен кон неговата сопруга. После месеци на физичко и вербално злоставување, таа конечно одлучила да се разведе, но на нејзините маки не им дошол крајот.

Стјуарт одбивал да плаќа алиментација, при што упатувал морничави закани кон поранешната сопруга.

– Твоето дете нема да го доживее петтиот роденден. Не сакам на никаков начин да бидам поврзан со него, рекол Стјуарт.

Во меѓувреме, тој се вработил како лабораториски техничар, а тоа го искористил за тајно да зема примероци со заразена крв и да ги чува дома. Стјуарт дури се шегувал со колегите, велејќи им дека е во можност да зарази некого, а таа личност да не знае што ја снашло.

Bryan Bryan Stewart ( father ) mugshot Man tells of moment his dad injected him with a needle full of HIV positive blood when he was a kid

Кога наполнил 11 месеци, Брајан добил силен напад на астма, па неговата мајка го повикала поранешниот сопруг за да го извести за сериозната болест на нивниот син. Тој дошол во болницата каде што лежел Брајан и кога неговата мајка накратко излегла од собата, Стјуарт ја извадил инјекцијата и во својот син вбризгал крв заразена со ХИВ. Неговата монструозна цел била детето да умре за повеќе да не мора да плаќа алиментација, пренесува BBC.

Лекарите успеале да го стабилизираат малото дете, но следните четири години настапила агонија за Брајан и неговата мајка. Здравјето на детето станувало се полошо, а докторите и покрај бројните тестирања не успеале да ја откријат причината за тешката состојба на нивниот пациент.

Конечно, еден од лекарите дошол до идеја да направи тест за СИДА. Резултатот бил позитивен, а бидејќи лекарите сметале дека детето нема да живее подолго од пет месеци, одлучиле да го отпуштат од болница за последните денови од животот да ги помине дома.

Сепак, докторите продолжиле да го лекуваат Брајан со сите расположливи лекови во тоа време. Тој живеел од ден за ден, бидејќи поради ХИВ вирусот неговиот имунитет бил многу слаб, што предизвикувало чести инфекции. И додека другите заразени деца во болницата умирале, лекарите биле запрепастени бидејќи состојбата на Брајан се подобрувала.

– На почетокот бев многу лут и огорчен. Не можев да разберам како можеше татко ми тоа да ми го направи. Не само што се обиде да ме убие, туку засекогаш го промени мојот живот. Тој е одговорен за тоа што децата ме малтретираа, тој е виновен за тоа што многу години поминав во болница. Поради него во секој момент морам екстремно да се грижам за моето здравје.

20

Но, ниту во најтешките денови Брајан не го напуштила смислата за хумор, па како дете ги засмејувал медицинските сестри во болницата, имитирајќи го Форест Гамп.

– Ако не бев мотивациски говорник, веројатно ќе бев комичар. Луѓето мислат дека хуморот е мојот одбранбен механизам, но тоа не е точно. Мислам дека едноставно имам доволно сила да се смеам на сметка на мојата мака.

Брајан има многу успешна кариера како мотивациски говорник и е на чело на добротворната организација „Надежта е важна“, но има и голема желба еден ден да стане татко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top