Во 20 часот и 10 минути во Полицијата во Битола од лекар од Итната помош било пријавено дека на улицата „Васко Карангелевски“, во ходникот, пред станот каде живеела, пронајдена е почината 63-годишната Н.А. Жената која лежела на подот имала повреди во пределот на главата.
Увид на лице место извршила екипа од полицијата во Битола, а за настанот е известен Јавен обвинител кој наредил обдукција над телото на починатата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.