Околу 5.700 луѓе се спасени, а 14 тела се извлечени од Средоземно Море при спасувачките операции во последните 48 часа. На пристаништетот во Неапол утрово беа донесени 453 мигранти и тело на бремена жена, изјави портпаролката на италијанското Министерство за надворешни работи Герарда Панталоне.
Во последните 24 часа околу 3.300 мигранти и седум тела биле донесени до петте пристаништа во Сицилија. Италијанската крајбрежна стража синоќа соопшти дека вчера координирала 20 операции за спасување на 2,400 луѓе. Еден ден претходно во 24 спасувачки мисии биле спасени околу 3.300 мигранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти