| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го празнува Денот на македонската револуционерна борба

%d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%be

Македонските граѓани денеска го прославуваат 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

На денешен датум, во 1893 година, во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО).
Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.

По повод Oдбележување на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба делегација на Собранието на Република Македонија  ќе положи цвеќе на Споменикот на основачите на ВМРО, лоциран во паркот „Жена борец“.

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ ќе ја додели државната награда „23 Октомври” во 2016 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското  наследство на Република Македонија.

По повод празникот ќе има и парадно дефиле на Градскиот дувачки оркестар низ улиците на Скопје со познатите „Чекорници“ во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top