Или на човекот му здосадило да губи, или едноставно не знаел што прави.
Ако уплатата била „малку поголема“, овој обложувач ќе можел добро да заработи по саботните натпревари.
Дури 32 погодени парови на обложувачко ливче, но ниту еден натпревар над коефициент 1.09. Доволно за само 1.26 евра (78 денари) на 20 вложени центи.
Човекот одиграл 32 натпревари дека ќе завршат 1+, односно дека на избраните мечеви ќе има барем еден гол.
Интересно, на ова ливче е и натпреварот помеѓу Вест Хем и Сандерленд, а „Чеканите“ триумфираа дури со голот на Рид во 94. минута.
Вакво ливче навистина е реткост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.