| четврток, 6 декември 2018 |

Најмрачната холивудска тајна: Ги малтретирал со години, мајка ѝ го убила за да ги спаси

Патот до Холивуд на повеќето ѕвезди бил трнлив и тежок. Иако сега е една од најпочитуваните актерки во светот, во минатото на преубавата Шарлиз Терон се крие мрачна тајна од детството.

Шарлиз е родена во Јужноафриканската Република, а пораснала на семејната фарма во близина на Јоханесбург, заедно со таткото Чарлс и мајката Герда.

 

Таа секојдневно била сведок на нападите на нејзиниот татко врз мајка ѝ, а се кулминирало една вечер кога нејзината мајка  во самоодбрана го убила насилниот сопруг кој бил во алкохолизирана состојба. Актерката тогаш имала само 15 години. Иако било докажано дека убиството било оправдано и се случило во самоодбрана, мрачните сеќавања од таа кобна вечер и ден-денес, 25 години подоцна, се уште ја мачат.

Во едно интервју Терон изјавила дека со годините морала да научи да се носи со своето минато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top