| четврток, 6 декември 2018 |

Волкот Забавика е маскотата на СП 2018

Маскотата на Светското фудбалско првенство во 2018 година, кое ќе се одржи во Русија, ќе биде волкот Забавика, одлучија навивачите со гласање на интернет.

Резултатите од изборот за маскотата за СП 2018 се соопштени доцна синоќта на руската национална телевизија, а организаторите потврдија дека гласале повеќе од милион луѓе.

Волкот со повеќе од 5о отсто од гласовите ги победи мачката и амурскиот тигар во астронаутска опрема, а победникот заедно го прогласија претседателот на Руската фудбалска федерација Виталиј Мутко и поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо.

Забавика ќе ги наследи леопардот Закуми од мундијалот во Јужна Африка во 2010 и кутрето Фулеш од минатиот во Бразил во 2014 година. Шампионатот во Русија ќе се игра од 14 јуни до 15 јули 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top