Косовските Албанци масовно купуваат недвижнини во Ниш и во јужна Србија, Арапите од Блискиот исток основаат компании и стануваат сопственици на куќи и земјиште во двата ентитета во Босна и Херцеговина, јуришајќи на државјанство и следствените права во БиХ.
Овие две наизглед вообичаени информации, не би биле чудни да ги слушнете во недвосмислено демократски земји со отворен пазар, слободно движење на стока и капитал. Но, бидејќи на Балканот малку нешта можат да се сметаат за целосно нормални и вообичаени, така овие информации во медиумите можат да се читаат и толкуваат со сериозна доза на резерва, барем кон сеприсутното политичко и медиумско мешетарење. А и тоа, пред се имајќи ги предвид достапните факти и аргументи, ако можат официјално да се проверат и потврдат, било во Бих или во Србија.
Имено, некои медиуми во Србија последните неколку години и месеци тврдат, неселективно и некритички препишувајќи едни од други, дека косовските Албанци пред неколку години станале сопственици на 300 до дури 11.000 станови и куќи само на територијата на Ниш, град со околу 180.000 до 220.000 жители, зависно колку села и приградски населби ќе му се спојат.
Сив пазар
„Албанците најмногу ги интересира областа околу Врање долж границата со Бујановац, но и Топличкиот регион (Прокупље, Куршумлија, Блаце…) поточно, селата близу административната линија со Косово. Најголем интерес пак своевремено постоел за градот Ниш, каде според некои неофицијални податоци во последните три години околу 1.500 Албанци купиле станови во тој град, додека тој број гледано на поширокото подрачје на Ниш, оди и до 11.000” – ова е медиумски текст од почетокот на август 2016 година.
По логиката каде има чад има и оган, сите тие приказни можат дополнително да се надоградат со проценки и претпоставки. Меѓутоа, официјално речиси и да не е возможно да се дојде до податок за бројот на легални купопродажби во кои купец е косовски Албанец.
„Сопственоста над некоја недвижнина стекната по било кој легален пат со купопродажба, судска пресуда или подарок, мора да се запише во јавните книги, т.е. во катастарот на недвижнини. Според тоа, таму мора да се види дали има или нема такви сопственици” – објаснува др. Славиша Пешиќ, сопственик на угледна нишка агенција за недвижнини и вели дека за наводно масовните случаи на илегална трговија со недвижнини дознал од медиумите.
„Меѓутоа, ни пред ни потоа не сум запознал никој конкретно кој може да се доведе во врска со такви купопродажби” – вели Пешиќ.
„Ако има такво нешто, тоа се случува на сивиот пазар и надвор од јавните книги, значи нелегално” – тврди Пешиќ.
Слично, речиси идентично, тврдат во уште две нишки агенции за продажба на недвижнини: „Се посериозно агенциите од 2013 година работат според законот кој ги обврзува да имаат соодветна лиценца. Меѓутоа, не е исклучено купопродажби да се одвиваат по овластување на сопственикот или купецот, но тоа не се вообичаени случаи, а посебно не масовни појави”.
Тежок премин на албанскиот капитал
Нишкиот дописник на еден белградски весник се обидувал со денови да ги истражи тезите за масовна продажба на недвижнини на косовски Албанци, но не нашол основани тврдења за стотици, а уште помалку за илјадници илегално купени станови кои станале легална сопственост на косовски Албанци.
„Несомнено е дека трговија и купопродажби има и нивниот карактер тешко се утврдува, но тоа секак оне е во стотици како што се тврди, а уште помалку во иладници случаи. Впрочем, 11.000 станови и куќи, тоа е еден цел мал град, а Ниш има околу 200.000 жители. Нелогично е, бидејќи тие работи не можат да се сокријат, нотарите мора нешто да знаат, катастарот, даночниците” – вели дописникот од белградскиот весник. Тој не убедува дека во ниту една институција не можел да добие податоци кои би ја потврдиле веродостојноста на барем дел од текстовите во медиумите.
Неговите тврдења се поткрепени и во една од четирите нишки канцеларии на нотари, но не ја исклучуваат можноста дека имало купци Албанци од една од трите општини од јужна Србија – Прешево, Бујановац или Медвеѓе, но не од Косово.
„Не можат да се прифатат лични карти од Косово како документ” – велат во таа нотарска канцеларија.
Новинарот и претседател на Комисијата за човекови права во Прешево, Белгзим Камбери инсистира на тоа дека „албанскиот капитал тешко може да влезе на територијата на Србија” – посебно не преку значајна купопродажба на куќи, станови или земјиште.
Со додавката дека „бизнисот нема ни вера ни нација”, Камбери сепак се сомнева дека постојат масовни купопродажни трансакции со недвижнини: „Се сомневам дека постои тој мултиетнички бизнис бидејќи тоа секако има или во меѓувреме би добило и некои политички конотации” – вели Камбери. Во сето тоа многу интересен е и политичкиот контекст преку кој можат да се толкуваат приказните за наводна масовна продажба на станови и куќи на косовски Албанци на територијата на јужна и централна Србија, уште повеќе што текстовите во српските медиуми се интонирани како дека недвижнините масовно ги купуваат странци.
Имено, правилото кое важи во купопродажба на недвижнини се темели на реципроцитетот – во Србија недвижнини можат да купуваат државјани на земји кои истото тоа право го дозволуваат на државјаните на Србија.
Но, бидејќи Србија не ја признава независноста на Косово и го нарекува „јужна српска покраина” и поради тој факт, сите косовски Албанци се државјани на Србија, со еднакви права како и сите нејзини останати жители.
Извор: Ал Џезира Балкан
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден