| четврток, 6 декември 2018 |

Форум „Кран Монтана“: Македонија ја затвори мигрантската рута на Балканот со хуман пристап

Заедно со голем број на високи претставници на европски држави и влади, вицепремиерот Халили го претстави ставот на Македонија и како државата се справува со мигрантска криза и превзема мерки за надминување на ситуацијата со мигрантитие. Според Халими, иако не е членка на Европската унија, македонската држава се координира постојано со земјите-членки на Унијата со цел справување со овој глобален проблем

Македонија го запре напливот на мигранти долж западно-балканската мигранта рута, но никогаш не се повлече од принципот на човечност, што значи со сите луѓе да се постапува хумано и рамноправно во сите околности, спасување животи и намалување на страдањата, додека се обезбеди почит и достоинство за мигрантите или бегалците. Ова го порача денеска Фестим Халили, заменик-претседател на македонската Влада задолжен за спроведување на Рамковниот договор во рамки на Форумот „Кран Монтана“ во Брисел во рамки на сесијата за бегалската криза што изминатите две години го тресе европскиот континент, јави дописникот на МИА од Брисел.
Заедно со голем број на високи претставници на европски држави и влади, вицепремиерот Халили го претстави ставот на Македонија и како државата се справува со мигрантска криза и превзема мерки за надминување на ситуацијата со мигрантитие. Според Халими, иако не е членка на Европската унија, македонската држава се координира постојано со земјите-членки на Унијата со цел справување со овој глобален проблем.
– Иако Република Македонија не е во ЕУ, таа и натаму останува посветена на спроведување на мерките во согласност со одлуките на Европскиот совет за затворање на западно-балканската мигрантска рута. Ситуацијата бара итност во акција за одговор при катастрофи, но никогаш не се повлече од принципот на човечност, што значи со сите луѓе да се постапува хумано и рамноправно во сите околности, спасување животи и намалување на страдањата, додека се обезбеди почит и достоинство за мигрантите или бегалците, посочи македонскиот вицепремиер во неговиот говор на Форумот.
Фестим Халили дополни дека справувањето со ситуацијата претставува огромен предизвик за Македонија, како мала земја што не е дел од ЕУ и дополнително оптоварување за нјезината кревка политичка и економска ситуација. Во овој поглед, тој посочи дека Македонија се соочува со огромни трошоци и истакна дека според некои процени, од ноември 2015 година, вкупните месечни трошоци за работење на вклучените институции за справување со кризата со мигрантите (како што се полицијата, армијата, здравствените услуги, размена на информации, социјалните услуги …) се проценува на околу 1,3 милиони евра.
– Сепак, ЕУ останува нашиот клучен партнер во обезбедување на поддршка на напорите за справување со мигрантската криза, вклучувајќи и финансиска поддршка. Владата на Република Македонија изготви Акциски план за превенција и справување на мигрантите, нивниот влез и транзит преку територијата на Република Македонија и учествува со мерки и активности за превенција и справување со тековната криза со бранот на илегална миграција што доаѓа од територијата на земја-членка на Европската унија, додаде вицепремиерот на македонската Влада.
Според Фестим Халили, по 7 март 2016 година и Самитот ЕУ-Турција, ставен е крај на протокот на мигранти преку западно-балканската и дека од 8 март не постојат нови записи на доаѓање и премин на мигранти на “котата 59” од страна на Грција во Македонија. 
Тој посочи и на ризиците кои произлегуваат од нелегалната миграција, пред се можниот трансфер на странски терористички борци, спречување на работењето на мрежите на организираниот криминал, криумчарење лица без документи или со лажни документи, проверката на идентитетот на странските државјани и препознавање лица кои учествувале во воените дејствија во кризните региони според него бараат посебно внимание од страна на властите.
– Земајќи ја предвид моменталната ситуација, Владата на Република Македонија предложи продолжување на вонредната состојба на северната и на јужната граница. Ние веруваме дека заеднички и координиран пристап во справувањето со ова прашање, како и континуирана размена на информации се од суштинско значење. Треба да се направат заеднички напори да се дојде до крај на конфликтите што ја предизвикаа оваа криза, во спротивно ќе се создадат алтернативни од подолги и поопасни патишта на миграцијата и Македонија, поради својата географска положба да остане на нивната карта, заклучи вицепремиерот Халили во својот говор на Форумот „Кран Монтана“.
Своето присуство на овој голем настан во европската престолнина, заменик-претседателот на македонската Влада задолжен за спроведување на Рамковниот договор, го искористи и за да оствари билатерална средба со Томас Мајр-Хартинг, Генерален директор за Европа и Централна Азија во Европската служба за надворешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top