Народната банка на Република Македонија ја пушти во оптек кованaтa парa за колекционерски цели „Свети Никола Чудотворец“.
Како што соопштуваат од Народна банка, на аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 дeнари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2016“.
Во централниот дел на монетата, од лево, е претставена слика на базиликата Св. Никола во Бари (Италија). Долу е прикажан мозаикот од влезот на руската православна црква Св. Никола во Бари. Од десно се статуата на св. Никола во катедралата Св. Исак во Санкт Петербург, ознаката „Ag925“, како и тежината на монетата „31.1 г“. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик.
На реверсот, во централниот дел од монетата е претставен гравиран и насликан портрет на св. Никола Чудотворец врз основа на иконата во црквата на св. Серафим Саровски во Санкт Петербург. Под портретот стои натписот: „свети Никола Чудотворец“ на руски јазик.
Овaa кованa парa е изработенa од сребро Аg925, со тежина на среброто од 31,1 г, чистота на среброто од 28,77 г и во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм.
Цената на кованaтa парa „Свети Никола Чудотворец“ изнесува 3.800,00 денари.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народна банка излезе со фрапанти бројки: Домаќинствата се потешко успеваат да ги платат кредитните рати!
-
Неколку инциденти кај „Веро Џамбо“, повредени малолетници, приведени девет лица
-
НБРМ ја пушти во оптек кованата пара „Владимирска“
-
96,7 милиони евра странски инвестиции во првите четири месеци годинава