Град Скопје информира дека поради изведување градежни активности, утре ќе има привремен режим на булеварот „Борис Трајковвки“.
Како што известуваат од Град Скопје, ќе се работи од 7 до 11 часот и прекопите за поставување попречни инсталации ќе се изведуваат кај салонот за мебел Кристина Дамил.
Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација и воспоставениот режим на сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.