| четврток, 6 декември 2018 |

Избркајте ја негативната енергија од куќата и од себе – по ова животот ќе ви тргне на подобро!

dom

Доколку овие денови чувствувате немир и негативна енергија која ве опкружува и гуши, време е да преземете нешто по тоа прашање. Стар проверен рецепт е да ја избркате од себе, но и од куќата, негативната енергија доколку запалите темјан, го исчадите домот, да запалите свеќа и да се прекрстите.

Да се решите од негативната енергија и лошата среќа, следете ги овие три чекори:

1.Исчадете ја куќата

Низ целата историја на човештвото, темјанот се употребувал за лекување разни болести. Во аромотерапијата, темјанот се користи за ублажување и лекување депресија, хистерија, стрес и напнатост.

Многу е важно кога ќе го запалите темјанот со него да ја поминете целата куќа и така да извршите енергетско чистење на домот. Важно е притоа куќата да биде ичистена и потоа и вие да се истуширате, како од себе би ја исчистиле негативната енергија. Ритуалот може да се повторува колку пати сакате.

Познато е дека темјанот ги убива бактериите во воздухот и дека таа стерилна средина трае и до еден месец.

 

2. Запалите восочна свеќа во куќата

За време на чадењето на куќата, задолжително запалете една восочна свеќа. Нејзиниот пламен ќе ви помогне да се поврзете со повисоката, но и со внатрешната сила и мудрост. Доколку имате проблем, мака или недоумица, важно е да запалите свеќа и својата болка да ја испратите преку пламенот на свеќата.

3. Прекрстете се

Дејството на чесниот крст врз човекот има фасцинантна моќ. Имено, истражување направено во Моска открило дека кога човек се прекрстува, станува значително посмирен и чувствува вистински душевен мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top