Во вторник (25.10.) со почеток во 20 часот, во реновираниот Салон на Македонската опера и балет ќе се одржи премиера на популарната opera buffa „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Авторската екипа е составена од: Диригент: Џанлука Мартиненги (Италија) новоназначениот шеф-диригент во Македонската опера и балет за наредната сезона. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), Асс.режисер: Љупка Јакимовска, сценограф: Марија Ветероска, костимограф: Марија Пупучевска, светло дизајн: Васко Лисичов, концерт мајстор: Верица Ламбевска, Асс.хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска.
Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Марјан Јованоски, Розина: Јелена Кончар (Србија), Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Небојша Бабиќ (Србија), Берта: Николина Јаневска, Злата Тошевска, Фиорело: Кристијан Антовски,Амброзио: Саша Смилевски.
Репризата на ова најизведувано дело на Росини е закажана за четврток, 27.10.2016 г. На репризата диригент ќе биде Иван Еминовиќ, во улогата на Розина ќе настапи Биљана Јосифов, а во улогата на Гроф Алмавива, Роберто Јакини Вирџили од Италија. Во останатите улоги настапуваат изведувачите од премиерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст