| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески: Очекувам СЈО да биде поактивно со прес-конференции поради изборите

Специјалното јавно обвинителство цело време работи на конструирани случаи без да доставува материјални докази, истакна Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски во вечерашното гостување в ТВ Нова.

Тој смета дека специјалното јавно обвинителство ќе биде поактивно со прес-конференции во периодот што претстои, алудирајќи на тоа дека се работи за заеднички договор со СДСМ, со цел да се демотивираат членовите на СДСМ пред изборите закажани за 11-ти декември.

-СЈО како и во претходните случаи очекувам да биде поактивно со прес-конференции. Се распушти Собранието и сите го очекуваме 11-ти декември. СЈО со вакви прес-конференции ќе се впушти во изборната кампања, односно ќе им помогне на СДСМ во пресрет на изборите. Очекувам силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на 11 септември, истакна Јанакиески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top