Возрасен маж од селото Вруток го загубил животот додека работел на поставување канализација во гостиварското село Форино, информираат од гостиварската полиција.
Од првичните информации од увидот што е во тек, се претпоставува дека 64-годишниот М.М. додека поставувал цевки за канализација, во еден момент врз него се урнало поголемо количество на земја и го затрупало. Починатиот со уште две лица бил ангажиран од неколку семејства да направат приклучок на селската канализација во Форино.
По завршувањето на увидот ќе бидат познати повеќе детали и причините кои довеле до трагичниот настан што се случи претпладнево во селото Форино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изградени 3 340 метри фекална и атмосферска канализација во населба Драчево
-
На плажа пукна цевка од канализација: Капачите советуваат не отворајте уста додека пливате ќе ви влезе го*но в уста! (видео)
-
Првата инвестиција на новата влада – во Арачиново
-
Се отвори џиновска дупка, канализација проголта два автомобила (ФОТО+ВИДЕО)