| четврток, 6 декември 2018 |

Ленче Ристоска открива за што е експерт Боки Бургија

boki-burgija

Oд неодамна на платниот список на Катица Јанева се наоѓа Борче Трајковски, во јавноста познат како Боки Бургија, дел од структурите на СДСМ. Со ова СЈО продолжува со груба предизборна партизација на Обвинителството кое се плаќа со парите од граѓаните.

Борче Трајковски, познат во јавноста како колумнист под псевдонимот Боки Бургија, е вработен во СЈО како лице кое врши технички и помошни работи, одговори денеска на новинарско прашање обвинителката Ленче Ристовска од СЈО.

lence

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на 1 октомври објавило оглас за 12 работни места, а се барале 37. Огласот бил објавен во „Утрински весник“ и во „Коха“. Добиле 41 пријава.

– Лицето е примено како лице кое врши технички и помошни работи. И само тој се пријавил на огласот за тоа работно место. Тој ги исполнуваше условите и затоа е примен на работно место – рече таа.

sjo-vrabotuvanja-640x253

На прашањето дали ја провериле неговата осудуваност, Ристовска одговори:

– Законот предвидува услови за осудуваност или неосудуваност. Таков услов немаше. Друго е дали лицето има забрана за работа. А треба да се земе предвид и правниот механизам за рехабилитација.

Оние кои ги читаат медиумите на СОРОС можеби и ќе се сетат на некоја од неговите колумни, а беше дел и од протестите на СДСМ и говореше на нивните партиски собири.

boki-plusinfo

Овој човек е осудуван за измама и за потешки дела од областа на безбедноста во сообраќајот.
Ова не е прв случај на вработување и ангажирање партиски кадри или, пак, лица кои важат за поддржувачи на СДСМ. Серија „експерти“ се на платниот список на СЈО, а голем број партиски кадри на СДСМ платата ја добиваат од Катица Јанева, што отвора простор за сомневање дека опозициската партија се финансира преку Обвинителството.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top