Младите Бугари, на возраст од 15 и 16 години, се први во Европа според употреба на анаболци, соопшти денеска во Варна претставникот на Националниот фокусен центар, Антонија Банчева, претставувајќи го последното истражување на Европскиот училиштен истражувачки проект за алкохол и други наркотици (ЕСПАД), кое опфатило 35 европски земји.
Според Банчева, 10 отсто од момчињата и два отсто од девојките во Бугарија на возраст од 15 и 16 години признале дека употребувале или сѐ уште користат анаболции, додека пак, во другите држави процентот е незначителен.
Бугарските тинејџери се први и во употреба на канабис. Околу 27 проценти од нив барем еднаш пробале од оваа опојна супстанца.
– Предупредувањата на експертите се однесуваат на се поголемото ширење на т.н. вештачки дроги. Во Бугарија, такви преработки искусиле околу осум отсто од анкетираните, додека процентот на европско ниво изнесува околу четири, додаде Банчева, дополнувајќи дека тинејџерите во цела Еврпа сметаат оти наркотиците се лесно достапни.
– И употребата на алкохол меѓу оваа категорија на ниво на Европа, е прилично висока. Просечно, 47 отсто од тинејџерите рекле дека се опиле барем еднаш последниов месец. Во Бугарија, тој процент е речиси 60 отсто – посочи Банчева.
Дури 46 отсто од бугарските испитаници посочиле дека последниот месец „барем еднаш“ се случило да испијат пет или повеќе пијалаци во една вечер. Во тој поглед, пред нив се само нивните врсници од Данска и од Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст