| четврток, 6 декември 2018 |

Дела од 12 сликари на изложба „Најдоброто од Македонија“

Во рамки на 25-те години од основањето на „Матица македонска“, во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ вечерва ќе биде отворена заедничка изложба на дванаесет истакнати македонски сликари од сите генерации под наслов „Најдоброто од Македонија“.

Ќе бидат презентирани дела од Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Газанфер Бајрам, Коле Манев, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Костадин Качев, Решат Амети, Стефан Хаџи Николов, Димитар Малиданов, Димче Исаиловски и Боро Митрически.

– Со оваа излижба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници – информира „Матица“ за изложбата која за посетителите ќе биде отворена до 5 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top