Белгиската федерална јавна служба за труд, вработување и за социјален дијалог ќе обучува кадри на македонското Министерство за труд и социјална политика, но и на синдикатите и работодавачите од Македонија на полето на трудот и социјалниот дијалог со цел приближување на нашата земја до стандардите на Европската унија.
Декларацијата за соработка во кралската служба на Белгија ја потпишаа нашиот министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и неговата белгиска колешка Моника де Конинк, јавува дописникот на МИА од Брисел.
– Потпишавме исклучително значаен договор со Кралство Белгија, особено што оваа земја е центар на Европската унија. Поддршката што ја очекуваме од нив за нас е значајна зашто Белгија е земја во која социјалниот дијалог има долга традиција и соработката на Владата со синдикатите и работодавците е нешто што од овде се црпи за пример. Очекуваме стручњаци од белгиското Министерство за труд во следниот период трипартитно да ги обучуваат партнерите кај нас, а тоа се Владата, синдикатите и Организацијата на работодавци, истакна министерот Ристовски додавајќи дека ова е доказ за европската перспектива на Република Македонија и дека актуелната Влада нема дилеми во однос на продолжување на евро-атлантските интеграции.
Ова е прв ваков договор со една земја што е членка на ЕУ, а има иницијативи за потпишување на ист и сличен договор и со британското и холандското министерство, зашто овие две земји заедно со Кралството Белгија се земји во кои социјалниот дијалот е на највисоко ниво во европски рамки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст