Девет лица загинаа денеска при уривање на воен хеликоптер во Узбекистан, јави државната новинска агенција УзА, пренесува Танјуг.
Хеликоптерот, советски модел Ми-171 во сопственост на Министерството за одбрана, се урна додека летал над областа Ферган, на истокот на земјата.
Во несреќата загинаа тројца членови на екипажот и шестмина војници.
Во тек е истрага за случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.