Некои железнички компании делат јаболка за појадок, а на некои железнички станици на другиот крај на светот бесплатниот интернет презвика собирање многу корисници кои не чекаат воз, туку посетуваат порнографски страници.
Во соработка со Гугл пред извесно време во Бихар во источна Индија пристигна бесплатен безжичен интернет. Многу брзо тамошната железничка станица стана прва во пребарување порнграфски веб страници.
Еден патник вели дека забележал млади луѓе кои се собираат на пероните за да гледаат порнофилмови, а тоа е многи непријатно за останатите патници, посебно за жените. Заради таквите перверзници треба да се укине бесплатниот интернет.
Во моментов на станицата на располагање има само еден гигабајт, но планот е да се зголеми на 10. Низ станицата минуваат околу 200 возови дневно. По порнографија, најчесто се пребарува Википедија, Боливуд и Јутјуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.