| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Димитриев – Хеемскерк: Светската Банка со позитивни оцени за економските политики на Владата

dimitriev-heemcek2-640x321

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска  оствари средба со Франк Хеемскерк, извршен директор во Светската Банка.

Соговорниците изразија задоволство од позитивните односи помеѓу двете страни кои резултираат со реализација на голем број на мерки, проекти и реформи чија цел е економски раст и развој на Република Македонија и задоволување на реалните потреби и интереси на граѓаните.

1

Директорот Хеемскерк даде позитивна оценка за економските политики кои ги спроведува Владата, како и за мерките за унапредување на деловната клима кои се препознаени и вреднувани од страна на меѓународните финансиски институции и организации.

Соговорниците истакнаа дека реализацијата на тековните и идните проекти кои се спроведуваат со соработка на двете страни, а се однесуваат на изградбата на регионална, магистрална и локална патна инфраструктура, инвестирањето во образованието, поддршката на проектите на општините за локален економски развој, имплементацијата на други инфраструктурни проекти, како и потенцијалот на соработка во областа на енергетиката, ќе придонесат за продолжување на економскиот раст на земјата и отворањето на нови работни места.

2

Премиерот Димитриев и директорот Хеемскерк истакнаа силна заложба за продолжување и унапредување на соработката во сите сфери од взаемен интерес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top